Записници и др. документи

IMG_0557

IMG_0558

IMG_0559

IMG_0560

IMG_0561

IMG_0562

IMG_0563

IMG_0564

 

_______________________________________________________________

 

Врз основа на Одлуката на Управниот одбор бр.0202-128/1 од 13.03.2019 год ИНТЕРПРОМЕТ АД Тетово објавува

ОГЛАС ЗА ПРОДАЖБА НА НЕДВИЖЕН ИМОТ

1.Предмет на овој Оглас е продажба на следниот недвижниот имот :

- земјиште под објект со површина од 1011 м2 и двор со површина од 1863 м2 кој се наоѓа во КП.2909/3,м.в.ул.Маршал Тито,КО Тетово-1 или вкупна површина од 2874 м2 заведена во Имотен лист бр.39213,сопственост на АД Интерпромет-Тетово.

- објект /бр.на зграда/- 2 ,намена-деловна зграда вон стопанство,влез-1,кат ПР ,адреса-М.Тито б.б.КП.бр.2909/3 КО Тетово-1,со внатрешна површина од 1029 м2,

- објект /бр.на зграда/-6,намена-деловна зграда вон стопанство,влез-1,кат-ПР адреса-М.Тито б.б КП.бр.2909/3 КО Тетово-1,со внатрешна површина од 76 м2,и

- објект /бр.на зграда/-7,намена-помошни простории,влез-1,кат-ПР,

адрса М.Тито б.б КП.бр.2909/3 КО Тетово-1,со внатрешна површина од 9 м2,сите по И.лист бр.32141 КО Тетово-1.сопственост на АД Интерпромет-Тетово,по пат на прибирање на писмени понуди.

3.Право на учество имаат сите домашни и странски физички и правно лица.

ПОТРЕБНА ДОКУМЕНЦИЈА

1) Документ за идентитетот на понудувачот (извод од соодветен регистар,односно лична карта/пасош за физичко лице

2) Потврда од суд или друг надлежен орган дека

- не е отворена стечајна постапка (за правно лице)

- не е отворена ликвидациона постапка (за правно лице)

- не му е изречена мерка за безбедност – забрана за вршење дејност

3) Потврда од надлежен орган за платени даноци,придонеси и други давачки

4) Изјава дека во последните 5 години не му е изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација,корупција,измама или перење пари

Документите од точките 1,2 и 3 да не бидат постари од 6 месеци.

НАЧИН НА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДИТЕ

Понудите за купување на недвижниот имот треба да бидат во писмена форма во затворен плик со ознака,,не отворај,,со назначување на бројот на огласот.

Крајниот рок за доставување на понудите е 10 дена од денот на објавување на Огласот.

Понудите заедно со потребната докуменција се доставуваат на адреса:

ИНТЕРПРОМЕТ АД Тетово,ул.Илинденска бр.18/а.

ИЗБОР

Отворањето и разгледувањето на понудите ќе се врши без присуство на понудувачите.

При проценка на понудите АД Интерпромет-Тетово го задржува правото да не прифати ниедна понуда.

ИНТЕРПРОМЕТ АД

Управен одбор