Почеток Поставување на прашања на акционерите

Поставување на прашања на акционерите

Секој акционер има право да поставува прашање по секоја од точките од дневниот ред на Седницата на Собранието на акционери.

Друштвото одговара на поставените прашања доколку тоа не е во спротивност со доверливоста во работењето,принципите  на Друштвото и деловната тајна , како и деловните интреси на Друштвото.

Друштвото може да даде еден збирен одговор на прашањата со иста содржина.Друштвото може да одговара директно на акционерите или да ги објавуба одговорите на поставените прашања на својата интернет страница во формат на прашање и одговор.

Прашањето акционерот го доставува во писмена форма во оригинал,со пополнето целосно име и презиме и своерачен потпис на акционерот физичко лице,односно назив ,седиште , печат и целосно име и презиме и своерачен потпис на законскиот застапник на акционер правно лице.

Заедно со доставеното прашање, акционерот задолжително треба да приложи и соодветни документи за идентификација, и тоа :

1. За акционер физичко лице се приложува

-Извод од Централниот депозитар за хартии од вредност во кој што е наведен  бројот на

акциите,во оригинал,не постар од три дена

-Копија од лична карта или пасош

2. За акционер правно лице се приложува

- Извод од Централниот депозитар за хартии од вредност во кој што е наведен бројот на

aкциите,во оригинал,не постар од три дена

- Последна тековна состојба од Централниот регистар во оригинал не постара од седум дена

- Копија од лична карта или пасош на законскиот застапник

Прашањето заедно со документите за идентификација акционерите треба да ги испратат до Управниот одбор на Друштвото во рок од 8(осум )дена од денот кога е објавен јавниот повик за свикување  на Собранието на акционери на Друштвото.

Ова постапка се доставува на акционерите кои ќе поставаат прашања по писмен или електронски пат.

Адреса на која се доставуваат прашањата по електронски пат : Ky email po mbrohet prej spambots-ave, të duhet JavaScript me e pa

Адреса на која се доставуваат прашањата по писмен пат:

АД ИНТЕРПРОМЕТ-Тетово

Ул.Илинденска,бр.18/а

Управен одбор

Со назнака ,,за СОбрание на акционери,,