Одлуки

ПРЕДЛОГ ОДЛУКА

Согласно член 383 и од Законот за трговските друштва, како и член 20 од Статутот на Интерпромет АД Тетово, на ден ---.---2019 година, собранието на акционери ја донесе следната:

ОДЛУКА

ЗА ИЗМЕНА НА СТУТОТ НА ДРУШТВОТО

Член 1

Се менува Стаутот на друштвото Интерпромет АД Тетово.

Член 2

Се менува ставот 1 од членот 35 од Стаутот на друштвото Интерпромет АД Тетово, и гласи.

„Управниот одбор на Друштвото брои 5 члена "

Член 3

Се менува ставот 1 во членот 45, и гласи

„Надзорниот одбор брои 5 члена."

Член 4

Да се изготви пречистен текст на Стаутот на друштвото.

Член 5

Одлуката да се спроведе во Централниот регистар на Република Македонија заради упис на промена на стутот на Друштвото.

За задолжува службата на друштвото, да ја спроведе постапката за упис на промена и да го достави пречистениот текст на Стутот, пред Централниот регистар на Република Македонија.

Член 6

Одлуката стапува на сила на денот на нејзиното носење.

Образложение

Во текот на редовното работење на Друштвото, органот на управување оцени дека Статутот на Друштвото не е во се усогласен со последните законски измени и решенија.

Дополнително, имајќи ја во предвид промената во структурата на капиталот на Друштвото од една страна и движењата во стопанството, и модерниот начин на работење, од друга страна, заради подобро функционирање и спроведување на оперативните работи на друштвото, нужно се јавува потребата од измена на Стаутот на Друштвото.

Поради горното на ден -----, органот на управување отпочна постапка за измена на статутот.

За потребата од извршување на промената беше изготвена иницијативата во форма на амандмани која беше разгледана и усвоена како прифатлива од органот на управување.

Поради горното Собранието на акционери ја донесе предметната одлука.

--------------------------

Собрание на акционери

 

 

____________________________________________________________________________________

 

 

ПРЕДЛОГ ОДЛУКА

Согласно член 383 од Законот за трговските друштва, како и член 45 од Статутот на Интерпромет АД Тетово, на ден ---.---2019 година, собранието на акционери ја донесе следната:

ОДЛУКА

ЗА ОТПОВИКУВАЊЕ НА ЧЛЕНОВИ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР

Член 1

Се отповикува членот Мујадин Љоки , од функцијата член на Надзорниот одбор на Друштвото Интерпромет АД Тетово.

Член 2

Се отповикува членот Висар Ајети , од функцијата член на Надзорниот одбор на Друштвото Интерпромет АД Тетово.

Член 3

Со носењето на оваа Одлука престануваат правата на вршењето на функцијата член на Надзорен одбор на отповиканите членови на Надзорниот одбор од членот 1 и членот 2 на оваа Одлука.

Член 4

Одлуката да се спороведе во Централниот регистар на Република Македонија заради бришење на отповиканите членови на на Надзорниот одбор од членот 2 и членот 3.

За задолжува службата на друштвото, да ја спороведе постапката за бришење, пред Централниот регистар на Република Македонија.

Член 5

Се овластува Надзорниот одбор да ја спроведе Одлуката за измена на статутот на Друштвото во делот на промената на членот 35 став 1 од истиот.

Член 6

Одлуката стапува на сила на денот на нејзиното носење.

Образложение

Заради оптимизирање на работата и флексибилност во извршување на своите задачи, а имајќи ги предвид трендовите и праксите на трогвските друштва на територијата на Рпублика Македонија, Собранието на акционери донесе одлука за измена на статутот на друштвото и тоа помеѓу другото, промена на челнот 45 став 1 од истиот.

Со извршената промена бојот на членови на Надзорниот одбор и на Упраниот одбор на друштвото од 7 се намали на 5 члена.

Дополнително, ценејќи ја промената на акционерската структура на друштвото, односно фактот дека Фондот на ПИОМ повеќе не е акционер во друштвото, следеше дека членовите на Надзорниот Одбор кои беа, односно се претставници на поранешниот акционер Фондот на ПИОМ, повеќе немаат интерес да членуаат во ова тело на Друштвото.

Поради горното Собранието на акционери ја донесе предметната одлука.

--------------------------

Собрание на акционери

 

 

____________________________________________________________________________________

 

ПРЕДЛОГ ОДЛУКА

Согласно член 383 од Законот за трговските друштва, на ден ---.---2019 година, собранието на акционери ја донесе следната:

ОДЛУКА

за овластување на Управниот одбор за прибирање на понуди и стапување во преговори за продажба на недвижен имот на друштвото

Член 1

Се овластуваат членовите на Управниот одбор, заедно и поединечно да прибираат понуди за продажба на недвижен имот во сопственост на Друштвото Интерпромет АД Тетово, кој се наоѓа во КП.бр.2909/3 за КО Тетово-1,ул.М.тито б.б запишан во ИЛ.бр.39213.

Член 2

Се овластуваат членовите на Управниот одбор, да стапат во преговори за продажба на недвижен имот сопственост на Друштвото Интерпромет АД Тетово, со цел постигање на оптимална пазарна цена за продажба на имотот, од членот 1 на оваа Одлука.

Член 3

Склучувањето на евентулаен Договор за продажба на недвижен имот на Друштвото Интерпромет АД Тетово, да се изврши согласно Законот за трговските друштва и Статутот на Друштвото.

Член 4

Одлуката стапува на сила на денот на нејзиното носење.

Образложение

Анализата на движењата на пазарот и деловното работење на друштвото, укажа дека имотот сопственост на Друштвото и тоа имот кој се наоѓа во адреса ул.М.Тито б.б Тетово, КП бр.2909/3 за КО Тетово-1, запишан во ИЛ бр.39213, на подолг рок е нерентабилен и генерира дополнителни трошоци.

При ваква ситуација, се оцени дека е потребно да се изврши продажба на овој дел од недвижниот имот на Друштвото.

Поради потребата од истражување на пазарот, како и прибирање на понуди и стапување во преговори со потенцијални купци, се со цел постигање на оптимална пазарна цена за продажба на имотот, Собранието на акционери ја донесе предметната одлука.

--------------------------

Собрание на акционери

 

 

____________________________________________________________________________________

 

 

ПРЕДЛОГ ОДЛУКА

Согласно член 383 и член 407 од Законот за трговските друштва, како и член 32 од Статутот на Интерпромет АД Тетово, на ден ---.---2019 година, собранието на акционери ја донесе следната:

ОДЛУКА

ЗА УСВОЈУВАЊЕ НА ЗАПИСНИК ОД СЕДНИЦА НА АКЦИОНЕРИ

Член 1

Се усвојува записникот од одржано собрание на акционери бр.ОДУ 353/18 од 10.05.2018 година.

Член 2

Одлуката стапува на сила на денот на нејзиното носење.

--------------------------

Собрание на акционери