Записници и др. документи

Б А Р А Њ Е

ЗА ДОПОЛНУВАЊЕ НА ДНЕВНИОТ РЕД СО ВКЛУЧУВАЊЕ НА ДВЕ ТОЧКИ ВО ДНЕВНИОТ РЕД НА СОБРАНИЕТО НА АКЦИОНЕРИ НА АД

ИНТЕРПРОМЕТ-ТЕТОВО СВИКАНО НА ДЕН 10.05.2018 ГОДИНА

Управениот Одбор на АД ИНТЕРПРОМЕТ-Тетово донесе Одлука бр.0202-149/1 од 29.03.2018 година,за свикување на седница на Собранието на акционерите на АД ИНТЕРПРОМЕТ-Тетово,за ден 10.05.2018 година (четврток) со почеток во 10,00 часот во просториите на ДА ИНТЕРПРОМЕТ-Тетово.

Јавниот повик за учество на свиканото Собрание со предложениот Дневен ред е објавен на весник,Слободен печат,, на 05.04.2018 година.

Фадил Алили од с.Порој со ЕМБГ 0112966470073 акционер кои поседуваа над 5% од вкупниот број на акции со право на глас во АД ИНТЕРПРОМЕТ-Тетово,благовремено во законскиот предвиден рок,а во смисла на член 390,поднесе Барање за дополнување на Дневниот ред на Собранието на акционери на АД ИНТЕРПРОМЕТ-Тетово,свикано за ден 10.05.2018 год. со почеток во 10,00 часот,кајо гласи.

- Разрешување и отповикување на член на Надзорен Одбор и избор

и именување на член на Надзорен одбор.

УПРАВЕН ОДБОР НА

АД ИНЕТРПРОМЕТ-ТЕТОВО

 

______________________________________________________________________________

 

 

Врз основа на Одлуката на Управниот одбор бр.0202-130/1 од 12.03.2018 год ИНТЕРПРОМЕТ АД Тетово објавува

ОГЛАС ЗА ПРОДАЖБА НА НЕДВИЖЕН ИМОТ

1.Предмет на овој Оглас е продажба на недвижниот имот КП.1/35,м.в.Попова Шапка,КО Лисец во вкупна површина од 300 м2 и тоа:76 м2 (под објект) и 224 двор заведена во Имотен лист бр.381,сопственост на АД Интерпромет-Тетово,по пат на прибирање на писмени понуди.

2.Почетната цена e 956.829,oo денари.

3.Право на учество имаат сите домашни и странски физички и правно лица.

ПОТРЕБНА ДОКУМЕНЦИЈА

  1. Документ за идентитетот на понудувачот (извод од соодветен регистар,односно лична карта/пасош за физичко лице
  2. Потврда од суд или друг надлежен орган дека

- не е отворена стечајна постапка (за правно лице)

- не е отворена ликвидациона постапка (за правно лице)

- не му е изречена мерка за безбедност – забрана за вршење дејност

  1. Потврда од надлежен орган за платени даноци,придонеси и други давачки
  2. Изјава дека во последните 5 години не му е изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација,корупција,измама или перење пари

Документите од точките 1,2 и 3 да не бидат постари од 6 месеци.

НАЧИН НА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДИТЕ

Понудите за купување на недвижниот имот треба да бидат во писмена форма во затворен плик со ознака,,не отворај,,со назначување на бројот на огласот.

Крајниот рок за доставување на понудите е 10 дена од денот на објавување на Огласот.

Понудите заедно со потребната докуменција се доставуваат на адреса:

ИНТЕРПРОМЕТ АД Тетово,ул.Илинденска бр.18/а.

ИЗБОР

Отворањето и разгледувањето на понудите ќе се врши без присуство на понудувачите.

При проценка на понудите АД Интерпромет-Тетово го задржува правото да не прифати ниедна понуда.

ИНТЕРПРОМЕТ АД

Управен одбор