Oвластување на полномошници

Секој акционер може да овласти со полномошно друго физичко или правно лице како свој полномошник на седницата на Собранието.

Полномошно се издава во писмена форма со пополнување на образецот за гласање преку полномошник(Полномошно за физички лица,Полномошно за правни лица,Пример на полномошно).

Полномошно мора да содржи комплетни податоци за идентитетот на акционерот и полномошникот,и тоа:

-За акционерор – пополнето целосно име и презиме,место на живеење,своерачен потпис и ЕМБГ на акционерот физичко лице,односно насив,седиште,печат,ЕМБС,целосно име и презиме и своерачен потпис на законскиот застапник на акционер правно лице.

-За полномошникот – целосно име и презиме,место на живеење и ЕМБГ за полномошник физичко лице,односно назив,седиште и ЕМБС на полномошникот правно лице.

Акционерите се должни веднаш да го известат Друштвото за секое дадено полномошно со доставување на копија од целосно пополнет образец,на еден од следните начини:

-По електронски пат на адреса : Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите кога се доставува копија во скенирана форма,

-По писмен пат на адреса:

АД ИНТЕРПРОЕМТ-ТЕТОВО

Ул.Илинденска бр.18/А

ТЕТОВО

Управен Одбор на Друштвото

Со назнака ,,за Собарние на акционери,,

Во случај акционерот од била која причина да не може да го преземе образецот за давање полномошно од интернет страницата на Друштвото,истиот може да користи и други видови обрaсци за давање полномошно во писмена форма.

Полномошникот е должен оригиналот од полномошното да го носи на седницата на Собранието.

Акционерот кој нема да го извести Душтвото за даденото полномошно ќе се смета дека не го дал полномошното.

Друштвото може да бара дополнително утврдување на личниот идентитет на акционерот како услов за уважување на полномошното,како и верификација на дадените инструкции за гласање.

Полномошникот е должен при евиденција на своето присуство на Собрнието да го предаде полномошното во писмена форма во оригинал,како и да презентира документ за идентификација-лична карта или пасош.

За полномошници на Собранието,можат да бидат назначени и лица кај кои постои конфликт на интерес согласно Законот за трговски друштва,под услов ако полномошниците.

-Претходно им обелодениле на акционерите дека кај нив има конфликт на интерес и

-Добиле конкретни инструкции за гласање на писмена форма од акционерите од кои се овластени да бидат нивни полномошници за секојa предложена точка за гласање по точките на дневниот ред на седницата на Собранието.

Друштвото на својата интернет страница ќе го објави идентитетот на назначените полномошници кај кои постои конфликт на интереси.