Почеток Вклучување на нови точки во дневниот ред

Вклучување на нови точки во дневниот ред

Акционери кои поединечно или заедно поседуваат најмалку 5% од вкупниот број на акции со право глас  имаат право да предложат дополнување на дневниот ред по писмен пат со барање за вклучување  нови точки ако истовремено приложат и образложение или предложат одлука  по предложената  точка.

Барањето се доставува во писмена форма во оригинал со пополнето целосно име и презиме и своерачен потпис на акционер физичко лице , односно назив , седиште, печат ,целосно име и презиме и своерачен  потпис на застапник  по закон на акционер правно лице.

Во прилог на барањето акционерот доставува и соодветни документи за идентификација и тоа:

За акционер физичко лице се приложува:

-извод од централен депозитар за хартии од вредност во кој што е наведен бројот на акциите во оригинал не постар од три дена

-копија од лична карта или пасош

За акционер правно лице се приложува:

-Извод од Централен депозитар за хартии од вредност во кој што е наведен бројот на акциите во оригинал не постар од три дена

-Тековна состојба од Централниот регистар во оригинал не постара од седум дена

-Копија  од лична карта или пасош на законскиот застапник

Барањето заедно со документите за идентификација се испраќа до Управниот одбор на друштвото во рок од 8(осум)дена од денот кога е објавен јавниот повик за свикување на седницата на Собранието на акционери ,на адреса:

АД ИНТЕРПРОМЕТ-Тетово

Ул.Илинденска,бр.18/а

ТЕТОВО

Со назнака ,,за Собрание на акционери’’