Почеток Предлагање на нови одлуки

Предлагање на нови одлуки

Акционери кои поединечно или заедно поседуваат најмалку 5% од вкупниот број на акции со право на глас имаат право по писмен пат да предложат за усвојување одлуки по секоја од точките кои се вклучени или ќе бидат вклучени  во дневниот ред на седницата  на Собранието.

Предлогот се доставува во писмена форма во оригинал со пополнето целосно име и презиме и своерачен потпис на акционер физичко лице,односно назив ,седиште, печат, целосно име и презиме и своерачен потпис на застапник по закон на акционер правно лице.

Во прилог на предлогот акционерот доставува и соодветни документи за идентификација и тоа:

За акционер физичко лице се приложува:

-Извод од централен депозитар за хартии од вредност од кој што е наведен бројот на акциите во оригинал не постар од три дена

-Копија од лична карта или пасош

За акционер правно лице се приложува:

-Извод од централен депозитар за хартии од вредност во кој што е наведен бројот на акциите во оригинал не постар од три дена

-тековна состојба од централниот регистар во оригинал не постара од седум дена

-копија од лична карта или пасош на законскиот застапник.

Предлогот заедно  со документите за идентификација се испраќа до Управниот одбор на Друштвото во рок од 8(осум )дена од денот кога е објавен јавниот повик за свикување на седницата на Собранието на адреса:

АД ИНТЕРПРОМЕТ –Тетово

Ул.Илинденска бр.18/а

ТЕТОВО

Со назнака ,,за Собрание на акционери,,