Почеток Јавен повик

Јавен повик

Врз основа на членoвите 385 и 387 од Законот за трговските друштва и членот 22 од Статутот на ИНТЕПРОМЕТ АД Тетово, а согласно Одлуката за свикување на Собрание на акционери Бр. 0202-406/1 од 08.08.2019 година, Управниот одбор на друштвото, УПАТУВА

 

ПОВИК

ДО СИТЕ АКЦИОНЕРИ НА ИНТЕРПРОМЕТ АД ТЕТОВО

ЗА УЧЕСТВО НА СОБРАНИЕ НА АКЦИОНЕРИ


СЕ ИЗВЕСТУВААТ сите акционери на ИНТЕРПРОМЕТ АД Тетово, дека Собранието на акционери ќе се одржи на ден 20.09.2019 год. (Петок), со почеток во 10:00 часот во просториите на друштвото, ул. Илинденска бр.18/A, со предлог на следниот

 

ДНЕВЕН РЕД


  1. Избор на претседавач, записничар и двајца заверувачи на записникот и бројач на гласови,
  2. Усвојување на Записникот ОДУ 237/19 од 08.05.2019 година од одржаната седница на Собранието на акционери на ИНТЕРПРОМЕТ АД Тетово, одржано на ден 08.05.2019 годинаи
  3. Предлог-Одлука за стекнување на сопствени акции со откуп.

Право на учество на Собранието имаат сите акционери запишани во акционерската книга на друштвото, лично или нивни застапници кои ќе приложат НОВО ПОЛНОМОШНО согласно член 392 од ЗТД.

Пријава за учество во Собранието акционерот или неговиот застапник е должен да достави до друштвото најдоцна пред почетокот на седница на Собранието.

Секој акционер може да овласти полномошник со писмено полномошно за учеството на Собранието, за што е должен да го извести Друштвото по писмен пат и електронски. Податоците за начинот на испраќање на известувањата за полномошната и обрасците за гласање преку полномошник се достапни на официјалната страница на Друштвото www.interpromet.mk

Акционерот може да користи и други видови обрасци за давање полномошно во писмена форма.

Согласно Законот за трговските друштва, акционерите кои поединечно или заедно поседуваат најмалку 5% од вкупниот број на акции со право на глас можат да предложат дополнување на дневниот ред со барање за вклучување нови точки ако истовремено приложат и образложение за предложената точка, како и по писмен пат да предложат за усвојување одлуки по секоја точка кои се вклучени или ќе бидат вклучени во дневниот ред.

Акционерите можат да достават предлози за вклучување на нови точки во дневниот ред, предлози на одлуките и прашања најдоцна во рок од 8 дена од денот кога е објавен јавниот повик.

Собранието одлучува само за прашањата уредно ставени на дневен ред.

Акционерите може да направат увид во материjалите по прашањата од дневниот ред на Собранието почнувајќи од 05.09.2019 год. до 19.09. 2019 год., во времето од 12:00 до 15:00 часот, во канцеларијата на поранешна благајна на друштвото и на веб-страницата на друштвото.

 

УПРАВЕН ОДБОР

НА ИНТЕРПРОМЕТ АД ТЕТОВО